Barış Seçkin
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
РИМ (AA) - Италијанскиот фудбалски тим Рома ја раскина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Лучијано Спалети, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната интернет-страница на римскиот клуб е потврдено дека договорот меѓу клубот и 58-годишниот експерт е завршен.
Претседателот на клубот, Џим Палота, му се заблагодари на Спалети за сѐ што тој направи за тимот којшто во два наврата го водеше од клупата, и тоа од 2005 до 2009 година и од минатата година досега.
Палота рече дека клубот Рома со Спалети изминатите две сезони ги заврши со рекорден број на освоени бодови, но тоа не им било доволно за освојување на титулата којашто заврши во витрините на Јувентус.
Управата на Рома исто така соопшти дека веќе бара тренер кој од наредната сезона ќе го води тимот во Серија А и во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што како второпласиран оваа сезона во Серијата А, Рома директно се пласираше во групната фаза.