Hüseyin Burak Demirer
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
АНКАРА
Почина Пјер Шерпин, француски мотоциклист кој беше вклучен во сообраќајна несреќа во релито Дакар 2021 кое се одржа во Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шерпин ја загуби петдневната борба за живот, откако беше вклучен во несреќата на оваа трка.
Според соопштението на интернет-страницата на оваа организација, 52-годишниот мотоциклист со авион за брза помош бил пренесен во болницата во Секаке, каде што бил опериран во мозокот, а потоа бил ставен во вештачка кома.
Шерпин потоа беше пренесен во саудискиот главен град Џиде за оттаму да биде пренесен во болница во францускиот град Лил, но почина во Џиде.
Францускиот пилот во трката учествуваше како независен пилот, а за оваа организација се тркаше по четврти пат.