Yunus Kaymaz
15 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ - Екипата на Филаделфија Севентисиксерс, во рамките на натпреварите на американската Национална кошаркарска лига (НБА) со 125:108 го совлада Мајами Хит, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа пет натпревари во НБА. Екипата на Севентисиксерс која се бори за врвот во Источната конференција, со 17 поени разлика го совлада Мајами Хит, постигнувајќи ја својата 9. победа сезонава.
Бен Симонс од редовите на Филаделфија на овој натпревар дојде до својот 30. трипл-дабл во кариерата постигнувајќи 10 поени, 10 скока и 12 асистенции. По Оскар Робертс кому тоа му пошло од рака по одиграни 75 натпревари и Меџик Џонсон по 190 натпревари, Симонс е третиот играч во НБА кој успеал да го постигне својот 30. трипл-дабл по одиграни 228 натпревари.
Во редовите на Филаделфија Севентисиксерс Шејк Милтон со постигнати 31 поен, 7 асистенции и 2 скока беше најпрецизниот играч на овој натпревар, а Тобајас Херис со 18 поени, 4 скока, 2 асистенции и Тајрис Максеј со 15 поени, 1 скок, 1 асистенција го дадоа својот придонес во победата на Севентисиксерс.
Во редовите на Хит најдобра игра прикажаа Данкан Робинсон со 22 поени, 2 скока, 1 асистенција, Геб Винсент со 21 поен, 8 асистенции, 2 скока и Тајлер Херо со 17 поени, 6 скока, 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Филаделфија.
- Резултати -
Филаделфија Севентисиксерс - Мајами Хит 125:108
Сан Антонио Спарс - Хјустон Рокетс 105:109
Торонто Репторс - Шарлот Хорнетс 111:108
Денвер Нагетс - Голден Стејт Вориорс 114:104
Портланд Блејзерс - Индијана Пејсерс 87:111