Admir Fazlagic
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Пријателскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Турција кој се одигра на националната арена „Филип Втори" во Скопје заврши без голови, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите и на двете репрезентации почетокот на натпреварот го започнаа офанзивно.
Во 19. минута, Езгијан Алиоски нафрли од слободен удар, Мојсов шутираше со глава и постигна гол, но судиите се одлучија да го поништат голот поради офсајд позиција. Во неколку наврати турските репрезентативци одиграа контранапади преку Арда Туран и Ѓонул Ѓокхан, но сепак без контретни закани по голот на македонскиот голман Димитриевски.
Откако во првото полувреме беше поништен голот на Даниел Мојсов во 19. минута, и во вториот дел од натпреварот, во 52. минута главниот судија Станислав Тодоров го поништи и голот на напаѓачот Езгијан Алиоски кој шутираше по одбиена топка од 16 метри. Овој погодок беше поништен поради офсајд позицијата во која се најде капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, кој беше во непосредна близина пред гостинскиот голман.
Кон крајот на натпреварот македонската репрезентација имаше уште неколку шанси кои ги создаде преку брзи контранапади. Најконкретни шансии имаа Алиоски Ерџан и Ибраими Бесарт, но сепак не успеаја да го совладаат турскиот голман Волкан Бабачан кој одбрани извонредно. Вечерашниот пријателски натпревар го судеше бугарскиот судија Станислав Тодоров.
Инаку, ова е осма средба помеѓу овие две репрезентации. Во досегашните меѓусебни натпревари, пет победи забележала турската репрезентација, два натпревари завршиле нерешено и еднаш победила репрезентацијата на Македонија.
- Ангеловски: Задоволен сум од играта но не и од резултатот
По завршениот пријателски меч без голови, помеѓу фудбалските репрезентрации на Македонија и Турција, селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски одржа прес конференција на која истакна дека е задоволен од играта која ја покажаа македонските играчи и покрај тоа што не успеале да постигнат гол,
„Мислам дека според развојот на настаните заслуживме да го добиеме овој натпревар. Задоволен сум од играта, доминиравме против една силна селекција на Турција која е на 26.позиција на листата на ФИФА, но, за жал, не успеавме да го материјализираме тоа и со голови. Честитки за моите фудбалери, кои покажаа голема желба, ја презедоа иницијативата, посебно во вториот дел, но едноставно моравме и да постигнеме погодок кој ќе ни донесе триумф", изјави селекторот Ангеловски, додавајќи дека е задоволен од изданието прикажано на теренот, но не и од резултатот на овој пријателски меч.
Тој упати благодарност и до публиката која дојде да ги бодри фудбалерите на Македонија, и рече дека доколку македонската репрезентација во натпреварот против Шпанија сака да биде конкурент, ќе мора да има и пеколба поддршка од трибините.
По овој натпревар, фудбалската репрезентација на Макеоднија ја очекува меч со репрезентацијата на Шпанија, кој ќе се одигра на 11 јуни во 20:45 минути.