Amina Zorniç
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Ибитхај Мухамед (30), првата Американка со хиџаб на Олимписките игри, како дел од американскиот мечувачки тим освои бронзен медал во Рио де Жанеиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамад со соиграчите Дагмар Возниак, Мариел Загунис и Моник Аксамит во екипното мечување го надиграа италијанскиот тим со резултат 45:30.
Мухамад пред Олимпијадата изрази надеж дека ќе стане прва американска атлетичарка со хиџаб која ќе се натпреварува на Олимпијадата.
„Се надевам дека преку моето искуство на Олимписките игри, освојувањето на медалот и храброста, ќе се разбијат стереотипите и заблудите за муслиманите, Афроамериканците и жените воопшто“, изјави Мухамад.
Учеството на Мухамад на Олимпијадата во Рио го пофали и нејзината соиграчка Возниак, која е со потекло од Полска.
„Тоа е спорт. Не е битно каква коса имате, од која религија сте, работата е во тоа да одиш на теренот и да бидеш најдобар спортист што може. Ние најдобро го претставуваме она што Америка е во суштина, мешавина на толку различни култури и раси”, порача Возниак.