Emre Doğan
02 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Се претпоставува дека трошоците за организирање на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кои ќе се одржат помеѓу 5 и 21 август, изнесуваат 10,7 милјарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Во период од 17 дена на Олимпијадата, на четири места, во Деодор, Бара, Копакабана и на Маракана ќе бидат организирани вкупно 306 натпреварувања и на спортистите ќе им бидат доделени вкупно 2.488 медали, и тоа 812 златни, 812 сребрени и 846 бронзени.
- Олимписките натпревари ќе бидат одржани во вкупно 37 спортски комплекси -
Олимпискиот парк, кој меѓу другото, го финансираат федералните и локалните власти, го опфаќа Меѓународниот медиумски центар, Водениот парк на Марија Ленк, Олимпискиот тениски центар, неколку арени и хотели.
Од меѓународниот медиумски центар во Рио де Жанеиро, кој се простира на 79.000 квадратни метри, ќе известуваат околу 10.000 новинари.
На изградбата на Олимпиското село, кое се состои од 31 зграда, односно 3.604 стана, предвидени за сместување на 18.000 спортисти, потрошени се околу 810 милиони евра
Од вкупно 206 земји, вклучувајќи ги и дебитантите Косово и Јужен Судан, на Олимпијадата ќе се натпреваруваат 10.500 спортисти во 28 спорта и 39 дисциплини. По 112, односно 92 години отсуство, голфот и рагбито се вратени во семејството на олимписките спортови.
Водените спортови, гимнастика, одбојка, бокс, фудбал, хокеј на трева, голф, ракомет, џудо, атлетика, бадминтон, кошарка, мечување, тенис, теквандо... се само некои од спортовите во кои ќе се натпреваруваат спортистите.
Фудбалските натпревари ќе се играат на стадионите во градовите Бело Хоризонте, Бразилија, Манаус, Салвадор и Сао Паоло.