Yunus Kaymaz
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина (БиХ), Сеад Колашинац, потпиша петгодишен договор со англискиот фудбалски клуб Арсенал, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако на две години го продолжи договорот со Арсен Венгер, тренерот на клубот, Арсенал официјално во своите редови го донесе и репрезентативецот на БиХ, Сеад Колашинац, досегашниот лев бек на Шалке 04.
Колашинац (23) потпиша петгодишен договор со Арсенал.
Него го посакуваа голем број европски клубови, меѓу кои и Манчестер Сити и Милан. За време на престојот во Шалке 04, Колашинац одигра 123 натпревари и постигна 4 погодоци. За репрезентацијата на БиХ настапи 17 пати.