Oktaj Omeragikj
17 Ноември 2024•Ажурирај: 18 Ноември 2024
СКОПЈЕ (АА) - Денес на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје се одигра фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Северна Македонија и Фарски Острови, известува Анадолу.
Северна Македонија на домашен терен со резултат 1:0 ја совлада селекцијата на Фарски острови во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц, што се игра во рамките на УЕФА Лигата на нации.
Единствениот погодок на средбата го постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во 62. минута. Голот на Миовски и донесе 3 бода на репрезентацијата на Северна Македонија, која групната фаза ја заврши на првото место со освоени 16 бода (5 победи и еден нерешен резултат) и право да премине во Групата Б на Лигата на нации.
Освоените 16 бода на Северна Македонија се личен рекорд во учествата во групната фаза, а во исто време, тоа е и рекорд во Лигата на нации, кој досега успеале да го постигнат Грузија на двапати, потоа Франција, Холандија и Велс.