Bakir Tiro
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
БЕЛГРАД (AA) - Изградбата на Националниот стадион на Србија во Белград ќе започне кон крајот на 2017 или на почетокот на 2018 година, изјави генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) Јован Шурбатовиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на денешното заседание на Собранието на ФСС Шубратовиќ не ја прецизираше локацијата на која ќе биде граден стадионот, нагласувајќи дека е планирано да има капацитет од 55.000 места за седење и дека кога ќе биде изграден овој стадион Белград ќе се кандидира за организатор на финалните натпревари на УЕФА, Лига на шампионите и Европа лигата.
Во ФСС очекуваат дека и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), како и Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) финансиски да го поддржат проектот за изградба на Национален стадион на Србија.
„Во тек се забрзаните подготовки на проектот. Имаме добра соработка со Министерството за млади и спорт и други министерства. Бараме локација и наскоро со помош на УЕФА и ФИФА ќе дојдеме до проектот Национален стадион", истакна Шубратовиќ, најавуваќи дека ФСС во Нови Белград планира да направи и зграда на Сојузот.