Admir Fazlagic
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – Фудбалскиот клуб „Фенербахче" од Турција вечерва одржа одржи прес конференција по повод натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа против најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар" при што ги искажа очекувањата од утрешниот натпревар, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерот на турскиот клуб, Алпер Потук рече дека целта на неговиот тим е да остварат резултат кој ќе претставува предност во реванш мечот и изрази надеж дека ќе ја постигнат посакувата цел.
„Ние имавме одличен подготвителен период, тоа важи за мене и за сите останати фудбалери особено со доаѓањето на новиот тренер. Секогаш во Фенербахче ќе има конкуренција и тоа е континуитет во нашиот клуб”, изјави Алпер.
Според тренерот на Фенербахче, Ајкут Коџаман, главна цел на клубот е да се помине плеј-оф фазата и да играат во групи во Лига Европа. Додаде дека истото важи и за клубот на „Вардар".
„Ние се надеваме дека ќе ја искористиме нашата моќ, според што, барем на хартија изгледа дека сме помоќни и се надевам дека ќе ја реализираме нашата цел”, рече тренерот Коџаман.
На новинарско прашање за младиот македонски репрезентативец Елиф Елмас, Коџаман истакна дека самиот факт што толку млад играч каов што е Елиф е дел од тимот на „Фенербахче", јасно дава на знаење колку овој играч е значаен за клубот.
„Станува збор за многу талентиран играч и мислам дека ќе го добие соодветниот простор за да се развива во Фенербахче”, додаде тренерот Коџаман.
По прес-конференцијата играчите на турскиот фудбалски клуб заминаа на тренинг на којшто ќе ги направат подготовките за утрешниот меч кој ќе се игра на националната арена „Филип Втори" во Скопје.