Doga Kirmizioglu
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Започната е дисциплинска истрага за натреварите во Лигата на шампионите што вчера се одиграа меѓу Селтик-Париз Сен Жермен (ПСЖ), и Манчестер Јунајтед-Базел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението обавено на интернет-страницата на УЕФА, поради немирите што избувнаа на мечот во групата на Лигата на шампионите меѓу Селтик и ПСЖ, започната е истрага против двете екипи. Домаќинот Селтик ќе биде предмет на истрагата поради тоа што неговите навивачи влегоа на теренот, а францускиот претставник поради предизвикување материјална штета во стадионот.
За време на натпреварот во кој ПСЖ победи со 5-0, еден навивач на Селтик, трчајќи кон фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, беше запрен од страна на обезбедувањето, а француските навивачи ги корнеле и ги оштетиле седиштата на стадионот.
Од друга страна, во текот на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Базел биле запалени факли на трибините од страна на навивачите, и поради тоа е започната истрага против Базел.
Одлуките против двете екипи ќе бидат донесени по состанокот што ќе се одржи на 19 октомври.