Emre Doğan
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Непознати лица значително ја оштетија статуата на фудбалерот на Барселона и репрезентативецот на Аргентина Лионел Меси, во главниот град на неговата татковина, Буенос Аирес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат аргентинските медиуми, статуата е оштетена од страна на непознати лица, а од статуата на Меси останале само нозете и топката. Се наведува дека веќе се работи на поправка на оштетениот дел.
Статуата на еден од најдобрите фудбалери на денешницата е подигната во средината на 2016 година на плоштадот „Пасео де ла Глорија“ во Буенос Аирес. Станува збор за плоштад на кој се наоѓаат статуи на многу Аргентинци кои оставиле свој белег во светот на спортот.