ИСТАНБУЛ
Ждрепката за натпреварите од УЕФА Лигата на нации во фудбал за периодот 2020/2021 ќе се извлекува утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Холандскиот главен град Амстердам ќе биде домаќин на ждрепката која ќе се одржи во Конгресниот центар „Beurs van Berlage“, со почеток во 18:00 часот.
Врз основа на освоените бодови на натпреварите од сезоната 2018/2019 во УЕФА Лигата на нации, на ждрепката 55-те национални тимови се поделени во четири одделни лиги. Лигите А, Б и Ц имаат по 16 репрезентации организирани во четири шешири, додека седумте репрезентации кои спаѓаат во лигата Д се поделени во две групи од 4 и 3 репрезентации.
Репрезентацијата на Северна Македонија, која е дел од Лигата Ц, се наоѓа во вториот шешир, заедно со репрезентациите на Косово, Белорусија и Кипар (Грчки дел).
- Поделба на репрезентациите во шеширите пред ждрепката
Распоредот на репрезентациите во шеширите пред ждрепката изгледа вака:
Лига А
Шешир 1: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија
Шашир 2: Белгија, Франција, Шпанија, Италија
Шешир 3: Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска
Шешир 4: Хрватска, Полска, Германија, Исланд
Лига Б
Шешир 1: Русија, Австрија, Велс, Република Чешка
Шешир 2: Шкотска, Норвешка, Србија, Финска
Шешир 3: Турција, Словачка, Република Ирска, Северна Ирска
Шешир 4: Бугарија, Израел, Унгарија, Романија
Лига Ц
Шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Шешир 2: Северна Македонија, Косово, Белорусија, Кипар (Грчки дел)
Шешир 3: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија
Лига Д
Шешир 1: Гибралтар, Фарски Острови, Латвија, Лихтенштајн
Шешир 2: Андора, Малта, Сан Марино
- Распоред на натпреварите
Натпреварите по групи во УЕФА Лигата на нации ќе се одиграат во септември, октомври и ноември 2020 година. Натпреварите кои ќе го одредат победникот на Европската лига ќе се одржат во јуни 2021 година, додека натпреварите од плеј-офот се закажани за март 2022 година.
Распоред на натпревари на УЕФА Лига на нации за сезоната 2020/2021:
1. коло: 3-5 септември 2020
2. коло: 6-8 септември 2020
3. коло: 8-10 октомври 2020
4. коло: 11-13 октомври 2020
5. коло: 12-14 ноември 2020
6: коло: 15-17 ноември 2020
Финале: 2,3 и 6 ноември 2021
Плеј-оф: 24, 25, 28, 29 март 2022
- Правила
Екипите по групи ќе се натпреваруваат на домашен и на гостински терен. На крајот од натпреварите по групи, прваците од групите во Лигата А ќе го одредат шампионот на УЕФА Лигата на нации, играјќи полуфинале, натпревар за трето место и финале.
Лидерите на групите од Лигата Б,Ц и Д ќе преминат во погорната лига, додека репрезентациите од Лигата А и Б кои ќе бидат ќе бидат последни во групите, ќе паднат во подолоните лиги. Репрезентациите кои ќе бидат последни во групите од Лигата Ц меѓусебно ќе играат два елиминациски натпревари според систем на плеј-оф, па така, двете репрезентации коишто ќе загубат ќе паднат една лига подолу.
Репрезентациите кои ќе играат плеј-оф натпревари, во исто време добиваат право да учествуваат во плеј-оф натпреварите на Светското првенство 2022. Според поените добиени во натпреварите на УЕФА Лигата на нации, се прави ранг-листа, според која тимовите што ќе ги заземат 47. и 48. место, автоматски паѓаат во Лигата Д.
- Поврзаност со квалификациите на Светското првенство 2022
Нема големи измени во форматот на квалификациите за Светското првенство. Десетте репрезентации кои во натпреварите по групи ќе ги заземат првите места, директно ќе се пласираат на Светското првенство во Катар.
Меѓутоа, направени се неколку измени во форматот на плеј-оф натпреварите. По елиминациските натпревари кои се организирани во две фази, уште три репрезентации ќе добијат виза за Светското првенство.