Emre Doğan
16 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Емре Доган
Тренерот на истанбулската екипа Фенербахче Догуш, Жељко Обрадовиќ, во Фајнл-фор натпреварувањето на кошаркарската ТХЈ Евролига за противници има еден поранешен помошник и двајца свои поранешни кошаркари, јавува Anadolu Agency (AA).
На Фајнл-фор натпреварувањето на кошаркарската ТХЈ Евролига, кое ќе се одржи од 18 до 20 мај во Белград, тренерот на Фенербахче Догуш ќе ги одмери силите со Димитрис Итудис, тренерот на екипата на ЦСКА од Москва, потоа со Пабло Ласо, тренерот на Реал Мадрид и со Сарунас Јасикевициус, тренерот на екипата на Жалгирис.
Во времето кога Обрадовиќ беше тренер на грчкиот Панатинаикос, Итудис 13 години беше негов помошник. Ласо и Јасикевициус, со кои Обрадовиќ ќе се сретне во фајнл-фор натпреварите, се играчи кои тој претходно ги тренирал.
Со Итудис работеше 13 години
Соработката меѓу Обрадовиќ и Итудис, освен на паркетот, продолжува и надвор од него.
Двајцата тренери заедно соработуваа во екипата на Панатинаикос од 1999 година до 2012, при што, на грчкиот тим му донесоа 5 титули „Шампион на ТХЈ Евролигата“ и 11 титули „Шампион на Грција“.
Екипата на грчкиот тренер Итудис, ЦСКА Москва, во 2016 година во финалето на ТХЈ Евролигата ја совлада екипата на Фенербахче на чија клупа седеше Обрадовиќ и ја освои титулата.
Со Ласо работеше во Реал Мадрид
Во времето кога Обрадовиќ беше тренер на Реал Мадрид, две сезони му беше тренер на Ласо.
Српскиот тренер, кој на клупата на виолетово-белите седеше од 1994 до 1997 година, во сезоната 1996/1997 година со екипата во чии редови играше и Ласо, го освои ФИБА Купот Сапорта.
Шпанецот Ласо, кој од 2011 година наваму е тренер на Реал Мадрид и успеа еднаш да ја освои титулата „Шампион на ТХЈ Евролигата“, во периодот 1995 - 1997 година го носеше дресот на Реал.
Јасикевициус има титула „Првак на ТХЈ Евролигата“
Жељко Обрадовиќ и Сарунас Јасикевициус во Панатинаикос постигнаа голем успех.
Јасикевициус, во периодот кога Обрадовиќ беше на клупата на грчката екипа, четири сезони го носеше дресот на Панатинаикос. Во тој период грчкиот тим освои една титула „Шампион на ТХЈ Евролигата“ и на трипати стана шампион на Грција.
Обрадовиќ му беше тренер на Јасикевициус во периодот 2007 - 2010 и 2011 - 2012.