Mutlu Demirtaştan
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Играч со најголема пазарна вредност во фудбалскиот свет во моментов е Фил Фоден од Манчестер Сити со 190,2 милиони евра, известува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот подготвен од страна на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), познати се „Најскапо платените фудбалери заклучно со јуни 2021 година“, со утврдена највисока пазарна вредност, кои играат во петте врвни фудбалски лиги на Европа, Германија (Бундеслига), Франција (Лига 1), Англија (Премиер лига), Шпанија (Ла лига) и Италија (Серија А).
Во согласност со моделот креиран од Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), според критериумите како што се возраста на играчот, преостанатото време до завршувањето на договорот, неговата позиција, настапот во клубот и националниот тим и перформансите на неговиот клуб, англискиот фудбалер за врска, Фоден, со пазарна вредност од 190,2 милиони евра, се наоѓа на врвот на листата на најскапо платените фудбалери.
Мејсон Гринвуд, Англичанецот од Манчестер Јунајтед, се наоѓа на второто место со пазарна вредност од 178 милиони евра, додека Маркус Рашфорд е трет со пазарна вредност од 159,1 милион евра.
Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, е на 4-то место на листата, со вредност од 155,5 милиони евра, додека на 5-тото место се наоѓа Бруно Фернандез од Манчестер Јунајтед со 154,3 милиони евра.
По овие играчи следуваат Холанѓанецот од Барселона, Френки де Јонг, со 138,7 милиони евра и Шпанецот Педри Гонзалес со 133,2 милиони евра.
Французинот Килијан Мбапе, кој долго време беше на врвот на листата, не можеше да влезе во топ 10 поради договорот со Париз Сен Жермен на уште една сезона. Мбапе останува на 12-то место со вредност од 118,3 милиони евра.
Триесет и тригодишната аргентинска ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, и 36-годишната португалска ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, не беа вклучени на списокот, на кој се најдоа најдобрите 100 играчи.
Листа на првите 10 фудбалери со најголема пазарна вредност:
- Фил Фоден (Манчестер Сити) 190,2 милиони евра
- Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед) 178
- Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) 159,1
- Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) 155,5
- Бруно Фернандез (Манчестер Јунајтед) 154,3
- Френки де Јонг (Барселона) 138,7
- Педри Гонзалез (Барселона) 133,2
- Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен) 131,6
- Жоао Феликс (Атлетико Мадрид) 127,8
- Мејсон Маунт (Челси) 123,6.