Yunus Kaymaz
06 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
ИСТАНБУЛ
Во американскиот град Њујорк во тек е последниот Гренд-слем тениски турнир сезонава. Во женска конкуренција се одиграа двете полуфиналиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првото полуфинале се сретнаа 5. носителка, Украинката Елина Свитолина и 8. носителка на турнирот, Американката Серена Вилијамс.
На средбата која траеше 70 минути, 37-годишната Вилијамс извојува победа од 2:0 (6:3, 6:1) над Свитолина, со што се избори за своето 4. финале на последните шест гренд-слем турнири, вкупно 33. финале на гренд-слем турнирите на кои играла во својата кариера.
Американката на УС Опен ја извојува својата 101. победа, со што се изедначи со рекордот на Крис Еверт.
Во второто женско полуфинале се сретнаа 13. носителка, Швајцарката Белинда Бенчиќ и 15. носителка, Канаѓанката Бјанка Андреску.
Во натпревар кој траеше 132 минути (2 часа и 12 минути), 19-годишната Андреску извојува победа од 2:0 (7:6, 7:5), изборувајќи се за своето прво финале на еден Гренд-слем турнир. Воедно, Андреску е првата канадска тенисерка која се пласирала во финалето на УС Опен.
Кога Серена Вилијамс во 1999 година на УС Опен ја освои својата прва гренд-слем титула во кариерата, Канаѓанката Андреску не била ниту родена.