Emre Aşıkçı
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Виктор Киплангат од Уганда и Шеила Јеротич од Кенија победија на 43-тото издание на Истанбулскиот маратон денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Киплангат (21) победи во машката конкуренција, додека Јеротич (32) ја освои титулата во женската конкуренција на овогодинешниот Истанбулски маратон на кој учествуваа 54 елитни атлетичари.

Првопласираните атлетичари освоија парична награда од 35.000 долари.
Маратонот во Истанбул, единствениот интерконтинентален маратон во светот, се одржа во три категории: главна трка на 42.195 метри, како и јавно трчање на 15 километри и 8 километри.
