Şenhan Bolelli
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
МАДРИД
Фудбалерот на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е позитивен на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го објави Атлетико Мадрид, се наведува дека 21-годишниот Португалец се наоѓа во добра здравствена состојба, но ќе остане во карантин во својот дом од превентивни мерки.
Во редовите на Атлетико Мадрид, лидерот во шпанската Ла Лига, на 30 јануари Белгиецот Јаник Караско и Шпанецот Марио Хермосо беа позитивни на Ковид-19.
Според правилата на шпанската Ла Лига, овие фубалери треба 10 дена да бидат во карантин, а откако ќе добијат негативен тест, ќе може да се враќаат на теренот.
Од друга страна, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој на 22 јануари беше позитивен на Ковид-19, од вчера повторно започна да ги води тренинзите на својот тим.