Emre Doğan
24 Април 2019•Ажурирај: 26 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Емре ДОГАН
Харис Хајрадиновиќ, играч со бошњачко потекло во турскиот фудбалски клуб Касимпаша, кој се натпреварува првата „Спорт тото супер лига“, истакна дека за да може да игра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина два пати ја одбив понудата на националниот тим на Северна Македонија.
Дваесет и петгодишниот играч од средниот ред, којшто во зимскиот преоден рок со големи очекувања од хрватскиот клуб Осиек премина во редовите на Касимпаша, во разговор за Anadolu Agency (AA) зборуваше за развојот на неговата фудбалска кариера, досегашните успеси, но и желбите за идни остварувања.
„Роден сум во Северна Македонија. На 6-месечна возраст отидов во Германија. До 4 години останав во Германија. Потоа се преселив во Сараево. За да можам да играм за репрезентацијата на Босна и Херцеговина два пати ја одбив понудата на националниот тим на Северна Македонија. Сакам да играм за Босна и Херцеговина и да ѝ служам на мојата земја. Јас трчам по тој сон. Дури и да не сум поканет во националниот тим на Босна и Херцеговина, нема да жалам за оваа одлука“, раскажа Хајрадиновиќ.
Истакна дека немал потешкотии во приспособувањето во Турција.
„Нова фудбалска лига, нова земја и нова култура. Треба да се приспособиш на сите нив", вели Хајрадиновиќ.
Во разговорот раскажува дека претходно, покрај во БиХ, играл и во Хрватска, Словачка, Белгија и Норвешка. Според него, тоа му олеснило да се приспособи во Турција, но додава дека сепак, треба време за да го помие процесот на адаптација, потенцирајќи дека е многу сум среќен што е дел од екипата на Касимпаша.
„Во моментот, фокусиран сум на екипата и на задачата која ми е доделена. Се обидувам да ги подобрам своите перформанси. Во иднина сакам да бидам на подобри места. Но, најважно е да дадеш сè од себе за екипата во која се наоѓаш моментално. Кога ќе си заминам од Турција, сакам луѓето да речат, 'Харис играше овде. Беше многу добар фудбалер'. Сакам да го кажат тоа. Тоа е многу важно за мене“, рече Хајрединовиќ откривајќи ги целит кои сака да ги постигне во тускиот прволигаш Касимпаша.
Зборувајќи за фудбалот, тој рече дека кога има можност ги следи натпреварите на Барселона, истакнувајќи дека за него најдобриот светски фудбалер е Лионел Меси.
Хајрадиновиќ, исто така, наведе дека еден ден би сакал да игра за екипата на Барселона.