Mutlu Demirtaştan
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
ИСТАНБУЛ
Клубот од англиската Премиер лига, Челзи, за една година го продолжи договорот со францускиот фудбалер Оливие Жиру, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Од клубот Челзи соопштија дека договорот на 32-годишниот напаѓач е продолжен до 2019-2020 сезона.
Жиру во јануари 2018 година премина во редовите на Челзи, во чиј дрес одигра 62 натпревари и постигна 17 погодоци.