Muhammed Enes Çallı
30 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
АНКАРА
Англискиот фудбалскиот клуб Челзи ја освои Лигата на шампионите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со победата против Манчестер Сити, во вториот по голема португалски град Порто, Челзи втор пат стана првак на Европа.
Единствениот погодок во финалниот меч од ЛШ во Португалија за „сините“ од Лондон го постигна германскиот интернационалец Каи Хаверц во 42 минута после асистенцијата на Мејсон Маунт
Во второто полувреме резултатот остана непроменет.
Средбата на стадионот „Драгао" во Порто одиграна е пред 14.110 гледачи.
Натпреварот требаше да биде одигран на Олимпискиот стадионот „Ататурк" во Истанбул, меѓутоа, преместен е во Португалија поради мерките воведени поради пандемијата од коронавирусот (Ковид-19).
Во прилог на фактот дека станува збор за вистински фудбалски спектакл, потврдува и вкупната вредност на фудбалерите, а се работи за цифра од 1,8 милијарди евра.