Doğa Kırmızıoğlu
16 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
АНКАРА (АА) – Јанис Адетокумбо, кој игра за екипата на Милвоки Бакс, во Американска кошаркарска лига (НБА), го обнови својот договор со клубот за рекордни 228,2 милиони долари, кој претставува досега највредниот договор во историјата на лигата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и шестгодишниот кошаркар, Адетокумбо, преку својот профил на Твитер, соопшти дека го продолжил договорот со својот клуб: „Ова е мојот дом, мојот град ...Горд сум што уште 5 години ќе го носам дресот на Милвоки Бакс. Одбројувањето започна, шоуто ќе продолжи од таму каде што застана.“
Според информациите во американските медиуми, Адетокумбо во последните две сезони е прогласен за МВП, највреден играч на сезоната. Со својот нов договор заработи 228,2 милиони долари, и стана кошаркар кој потпиша најплатен договор во историјата на лигата. Претходниот рекорд му припаѓаше на Џејмс Харден, од Хјустон Рокетс, со договор вреден 228 милиони долари.
Јанис Адетокумбо минатата сезона имаше просек од 29,5 поени, 13,6 скока и 5,6 асистенции.