Gülsüm İncekaya
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - ГУЛСУН ИНЏЕКАЈА -
Со повлекувањето на војниците од неодамнешната вежба на НАТО во Норвешка, во текот на која дојде до скандал, Турција донесе правилна одлука, којашто е цврста и ја претставува политичката реторика, смета Џан Касапоглу, аналитичар од областа на одбраната од Центарот за економски и надворешно-политички истражувања (ЕДАМ), јавува Anadolu Agency (AA).
„За сѐ она што се случи не е доволно само извинување, ниту отстранување од должност на еден техничар или офицер, потребно е да се направи многу повеќе", наведе Касапоглу во разговор за АА, во текот на кој се осврна на скандалот во текот на НАТО вежбата, на која актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и првиот претседател Кемал Ататурк беа прикажани како цел.
Касапоглу наведува дека она што е направено на претседателот и на основачот на Република Турција не е нешто што може да се прости. Како што рече, неопходно е да се истражи дали зад овој скандал се крие некој меѓународен актер.
„Оние што го направија тоа, дали се тоа лица мотивирани од непријателство кон Турција кои не ја разбираат воената етика или се тоа лица кои се движат кон различни разузнавачки анганжмани? Вооружените сили на Норвешка и на НАТО треба итно да спроведат истрага. Можно е меѓународните актери да се обиделе да нанесат штета на турскиот НАТО идентитет", рече Џан Касаполгу.
Тој нагласи дека официјалното извинување на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, упатено до Турција е значаен чекор во контекст на зачувување на партнерските односи на НАТО и Турција.
„Ова извинување е резултат на решителната дипломатска реакција на ниво на претседателот на Република Турција и повлекување на турските војници од вежбата. Во таа смисла, политиката на Анкара беше успешна", рече Касапоглу.
Во Норвешка, минатата седмица беше одржана воена вежба на НАТО под името „Тридент Јавелин“, а одредени норвешки офицери во текот на вежбата, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, фотографијата и името на првиот претседател на Турција, Кемал Ататурк, ги прикажаа како цел.
На тоа Турција реагираше, по што норвешките офицери се разрешени од должност. Во вежбата на НАТО учествуваа 41 турски војник, а по инцидентот, по наредба на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, турските војници се повлечени од вежбата.
Столтенберг во два наврати упати извинување до Турција, но функционерите на оваа земја порачаа дека преку тоа не е можно да се помине само со извинување.