Gözde Bayar
13 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на доделувањето на наградата за култура и уметност каде повторно потсети на неправдата направена со доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на австрискиот писател Петер Хандке, кој во јавноста е познат како негатор на геноцидот во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нобеловата награда врачена му е на оној кој во небо ги воздигнуваше оние кои подмолно ги масакрираа муслиманите Бошњаци, и од чие перо капе крв и омраза", рече Ердоган.
Како што рече, освен неколкумина луѓе, никој не го кренал гласот поради тој чин.
Во Стокхолм во вторникот е одржана церемонијата на Нобеловата награда.
Церемонијата на доделувањето на наградата ја бојкотираа Албанија, Косово, Хрватска, Турција и БиХ. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер во вторникот објави дека му се дадени „инструкции на амбасадорот на Северна Македонија во Шведска да не земе учество во церемонијата на доделувањето на Нобелова награда на Хандке.“