Rauf Maltaş
12 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Главното јавно обвинителство на Шанлиурфа соопшти дека 99 од 104 осомничени припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК се уапсени, а петмина се притворени во областа на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во писменото соопштение од Главното јавно обвинителство се потсетува дека на 9 октомври 2019 година започна операцијата „Извор на мирот“, со цел оневозможување на формирањето терористички коридор, близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир и спокојство во регионот.
„Во рамките на операцијата, херојските вооружени сили во конфликтната зона уапсија 104 припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК при обид за нелегални акти“, се истакнува во соопштението, и се додава:
„По истрагата спроведена од страна на главниот јавен обвинител на Република Турција, со обвиненија за нарушување на единството на државата и интегритетот на земјата, членство во терористичките организации и обиди за намерно убиство во областа на операцијата „Извор на мирот“, уапсени се 99 припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а петмина се приведени.“