Kenan Irtak
11 Септември 2025•Ажурирај: 16 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (AA) - Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) му додели три глобални награди на аеродромот „Истанбул“, пренесува Анадолу.
İGA, оператор на аеродромот „Истанбул“, на својот профил на социјалната мрежа на американската компанија X објави дека аеродромот „Истанбул“ ги освоил наградите „Најдобар аеродром во Европа“, „Акредитација од ниво 5 за искуство на клиентите“ и „Лидер во глобалната обука“.
Во соопштението се наведува:
„Среќни сме што може да објавиме дека сме наградени со три извонредни глобални награди од ACI. Овие награди се доказ за посветеноста на нашите тимови, довербата на милиони патници и нашата визија да го направиме искуството на клиентите камен-темелник на нашата култура.“