Jeyhun Aliyev
06 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската национална авикомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) ги прошири своите бесплатни туристички линии со тоа што им понуди на патниците вечерни тури низ Босфорот за транзит до Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во рамките на проектот „Touristanbul“, „Туркиш ерлајнс“ овозможува транзит на патниците кои остануваат од шест до 24 часа на аеродромот „Истанбул“ за да ги видат историските и природните убавини на градот“, изјави за новинарите денес Абдула Јормаз, туристички менаџер за маркетинг на „Туркиш ерлајнс“.
„Со цел задоволување на патниците, зголемување на својот удел на меѓународниот транзитен пазар на патници и обезбедување на промотивна поддршка за туризмот, турската авиокомпанија во својот секојдневен шестдневен пакет ја додаде турата по Босфорскиот Теснец“, изјави Јормаз.
Тој додаде дека „Туркиш ерлајнс“ организирала бесплатни тури за разгледување на градот за патниците од меѓународниот транзит во Истанбул од 2009 година.
„Околу 5.000 патници годишно ги користеле услугите на турата во 2009 година. Во 2019 година бројката достигна 5.000 патници на месечно ниво“, изјави тој.
„Во 2018 година, имавме можност 67.400 патници да ги запознаеме со историските и туристичките убавини на Истанбул“, изјави Јормаз, додавајќи дека патниците од 63 различни земји се приклучиле на турата за време на истиот период.
„Програмата започнува на 1 мај и ќе биде во корист на патниците за време на целиот летен период до 31 октомври“, изјави Јормаз.
Тој, исто така, нагласи дека околу 15.000 патници ја користеле оваа тура за време на првите четири месеци од 2019 година.
„Туркиш ерлајнс“ е основана во 1933 година, а лета на 308 дестинации во 124 земји со својата флота од 335 авиони.