Elvir Hociç
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) подготви посебни пакети по намалена цена за летови за голем број градови од Балканот, Кавказот и други региони по цени од 110 евра, во кои се вклучени сите трошоци, јавува Anadolu Agency (AA).
ТХЈ која лета во најголем број земји од светот, подготви прифатливи аранжмани за љубителите на патувањето, кои можат од голем број земји, претежно балкански, да патуваат во Истанбул за цена од 110 евра.
Во понудата на „Туркиш ерлајнс“, повратен билет за Истанбул од Скопје, Сараево, Подгорица, Приштина, Загреб, Софија, Тирана, Дубровник, Љубљана и Кишинев изнесува 110 евра, од Букурешт 120, додека од Белград 130 евра.
Станува збор за цена на повратен билет со сите вклучени трошоци.
Љубителите на патувањата можат да ги искористат намалените цени за Батум, Тбилиси, Харков, Баку, Лавов, Херсон, Запорожје, Киев и Одеса. Повратните билети од Истанбул чинат од 110 до 150 евра.
Пакетот на намалени цени на летови се однесува на ограничен број места и заинтересираните патници своите билети можат да ги купат до 15 октомври, со важност за летовите до крајот на март наредната година.
За повеќе детали за акциските и редовните цени на летовите на „Туркиш ерлајнс“ можете да се информирате во канцелариите и на службените интернет-страници на компанијата (www.turkishairlines.com).
„Туркиш ерлајнс“ е основан 1933 година, со пет авиони. Денеска таа е реномирана турска авиокомпанија со светско реноме која брои 330 авиони и лета кон 255 странски и 49 турски дестинации. ТХЈ е наградувана компанија, членка и на глобалниот авиопревознички сојуз „Star Alliance“.