İzzet Mazi,Rıdvan Korkulutaş
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
КИЛИС (АА) - Како последица од двете ракетни гранати од сириска територија кои паднаа во турскиот Килис повредени се 16 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, две ракетни гранати фрлени од позициите на ДАЕШ во Сирија паднаа врз покривот на една куќа и во дворното место на друга куќа.
По инцидентот во подрачјето се испратени полициски и медицински екипи.
Полициските тимови презедоа зајакнати безбедносни мерки во околината.
Се дознава дека повредените 16 лица, од кои 6 се сириски државјанини, се пренесени во државната болница во Килис, не се во животна опасност.
Од друга страна, по инцидентот една група граѓани се собраа и во знак на протест маршираа кон зградата на гувернерот. Во текот на маршот групата сакаше да блокира една од улиците во градот а по нивното игнорирање на полициските предупредувања тие и се спротиставија на полицијата. Поради ова полицијата приведе неколку лица од групата.
На 22-ри април локалните власти забранија собири и демонстрации во Килис во следните 30 дена.
Во соопштението на официјалниот сајт на гувернерот се вели дека во центарот на градот Килис паднале две ракетни гранати кои биле лансирани од Сирија.
Во соопштението се додава дека од вкупно 16 повредени шестмина се сириски државјани и дека повредените не се во животна опасност.