Handan Kazancı
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат” во северниот дел на Сирија се неутралзирани вкупно 33 терористи на ДЕАШ, соопшти денес армијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили исто така погодија и 259 позиции на ДЕАШ во северна Сирија, соопшти турскиот Генералштаб означувајќи го 166. ден од операцијата.
Турските авиони исто така уништија 39 цели, вклучуваќи 32 згради, три штаба на организацијата, оружје, две возила натоварени со бомби и влез на тунел кој го користеле терористите во подрачјето на Ал Баб и Бзагах. Во соопштението истакнува дека од почетокот на операцијата биле деактивирани 57 мини и 3.680 импровизирани експлозивни направи.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август 2016 година со цел зајакнување на граничната безбедност, елиминирање на терористичките закани долж сириско-турската граница и поддршка на коалициските сили во Сирија. Умерената сириска опозиција како дел од операцијата е поддржана од страна на турските сили.
Борците на Умерената сириска опозиција се насочени кон заземање на градот Ал Баб од ДЕАШ, кој се наоѓа 40 километри североисточно од Алепо.