Nurten Aslan
22 Октомври 2019•Ажурирај: 23 Октомври 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Продолжува протестот на мајките од Дијарбакир пред зградата на обласното претседателство на Народната демократска партија (ХДП), со надеж дека ќе им бидат вратени децата кои им се киднапирани и однесени во планина, јавува Anadolu Agency (AA).
Мајките од Дијарбакир кои како одговорна за киднапирањето на нивните деца и носењето во планина ја сметаат партијата ХДП, почнувајќи го протестот на 3 септември, веќе 50 дена седат пред зградата на обласното претседателство на партијата.
Мајката Хаџире Акар го започна овој протест седнувајќи пред зградата на ХДП, сметајќи ја за одговорна што на 22 август нејзиниот син бил киднапиран и на 22 август испратен во планина.
Упорноста во протестот со седење што г-ѓа Акар го започна не сакајќи нејзиниот син да биде жртва на тероризмот, вроди со плод, и таа на 24 август го доби својот син назад. Нејзината борба за својот син стана пример и за останатите мајки чии души тагуваа по своите деца.
Мајките што протестираат пред зградата на ХДП ги посети министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, министерката за семејство и социјални услуги, Зехра Зумрут, семејствата на загинатите војници, политичари, уметници, новинари, писатели, претставници на невладини организации од Турција и надвор од неа, претставници од сите делови на општеството, со цел да ја споделат болката со мајките и да им ја дадат својата поддршка.
- „Ќе одиме до крај со нашиот протест“
Истакнувајќи дека одлучно влегле во 50. ден од протестот пред зградата на ХДП, мајките на киднапираните деца истакнаа:
„Нема да подлегнеме пред заканите, не се плашиме од нив. За да покажеме дека не се плашиме, повторно сме тука. Овој протест го започнавме со цел да ни бидат вратени децата и ќе го продолжиме до крај. Лето, зима, воопшто не е важно. Подготвени сме да останеме и на дожд. Тука страдаме за да дознаеме што е со нашите деца. Нема да си заминеме без да си ги земеме децата. Силни сме, на нозе сме, протестот ќе го продолжиме до крај. Дај Боже, оттука да си заминеме со нашите деца.“
- „Не си одам додека не дојде моето дете“
Мајката Хусније Каја изјави дека се приклучила на протестот поради ќерката Мелике која на 14-годишна возраст била киднапирана пред пет години, додавајќи дека за тоа време од пет години, преживеала големи страдања без својата ќерка.
„Не си одиме оттука без нашите деца по ниту една цена.“
Соопштувајќи дека нема добиено никакви информации за својата ќерка, мајката Каја рече: „Овие немаат милост. Не си заминувам оттука без да ја доведат ќерка ми.“
- „Сине, доколку го чуеш мојот глас, дојди, предај ѝ се на власта, на правдата“
Мајката Имихан Нилифирка пристигнала во Дијарбакир пред зградата на партијата ХДП во потрага по својот син Мехмет, кој пред четири години бил киднапиран во Истанбул и пратен во планините. Велејќи дека ќе продолжи со протестот сѐ додека не го добие назад својот син, Нилифирка рече: „Сине, доколку го чуеш мојот глас, дојди, предај ѝ се на државата, на правдата. Сине, те чекаме, многу те сакаме.“
Изјавувајќи дека многу ѝ недостига синот, Нилифирка истакна дека како семејство се чувствуваат многу вознемирено. „ХДП ни ги киднапираше децата, нека ни ги врати децата. Ќе продолжиме да седиме пред зградата, ќе ги чекаме нашите деца“, рече Нилифирка, додавајќи дека се одлучни во продолжувањето на протестот.