Gökhan Ergöçün
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ е прогласен за „Аеродром на годината“ од страна на читателите на британско списание, соопшти денеска аеродромската компанија ИГА, јавува Anadolu Agency (AA).
Аеродромот „Истанбул“ доби најголем број гласови од читателите на „International Airport Review“, при што ги надмина неколкуте меѓународни аеродроми како што се „Хитроу“ (Велика Британија), „Сиднеј“ (Австралија) и „Чанги“ (Сингапур).
Извршниот директор на ИГА, Кадри Самсунлу, изјави дека аеродромот се здобил со значаен моментум да биде глобален центар со својата единствена архитектура, силна инфраструктура и висока технологија.
„Наша цел е да донесеме повеќе награди на Турција со постигнување на нашите цели во наредниот период“, рече Самсунлу.
Додека Аеродромот „Истанбул“ беше награден во категоријата „Избор на читателите: Аеродром на годината“, списанието го објави и Индискиот меѓународен аеродром „Кемпеговда“ како „Најодржлива иницијатива“, Комплексниот терминал за меѓународни аеродроми во Абу Даби „Мидфилд“ како „Проект за иновативен дизајн“, Аеродромот „Единбург“ во Шкотска како „Најдобра иницијатива за пристапност“ и лондонскиот аеродром „Гетвик“ како „Најдобра ефикасност во воздухот“.
Аеродромот „Истанбул“, со завршена првa фаза од проектот, официјално беше отворен во октомври 2018 година, го презеде воздушниот сообраќај од поранешниот главен аеродром „Ататурк“ на 6 април.
Се предвидува дека аеродромот ќе опслужува 200 милиони патници годишно со полн капацитет по завршувањето на сите четири фази со шест писти до 2028 година.