Aynur Ekiz
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турската Партија на правдата и развојот (АК партија) ќе отвори свои претставништва во Русија, САД, Германија, Англија, Франција, БиХ и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик претседателот на АК партијата за надворешни врски, Мехди Екер, за АА истакна дека во статутот на партијата, покрај тоа што се наведува дека таа може да има организации во Турција, постои референца која наведува дека партијата може да има свои организации и во странство.
Тој нагласи дека со инструкции на Претседателот на АК партија и истовремено претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, започнати се работи за отворање на претставништва на партијата во 9 градови на 7 држави.
Екер рече дека првенствено претставништвата на партијата ќе бидат отворени во САД, Германија, Франција, Русија, Британија, БиХ и Македонија, додавајќи:
„Нашиот статут предвидува формирање на организации во странство. При организирањето во странство, во предвид го земаме законодавството на секоја земја одделно. Можеби во секоја земја одделно ќе биде формирана како поинаква правна институција. Во некоја земја ќе биде здружение, во некоја фондација, во некоја ќе биде директно претставништво на партијата, а во некоја земја ќе биде организирана како социјална група. Работите се организираат во таа насока.”
Екер истакна дека претставништвата кои ќе се отворат ќе бидат официјални точки за контакти со турските државјани, политичките партии и владите на земјите во кои тие претставништва ќе бидат отворени.
Околу причините за изборот на земјите кои се наоѓаат меѓу 7-те во кои првенствено ќе бидат отворени претставништвата, Екер го наведе следното:
„Тука спаѓаат простори од околната географија и глобалните светски центри. На пример Вашингтон, Њујорк, Балканот, тоа се центри во кои имаме наши сонародници, а истовремено претставуваат економски и трговски центри со кои имаме интензивни врски и земји со кои имаме врски на високо ниво. Важни се и регионалните и културните односи. Овие земји се места во кои како АК партија сметаме дека треба да се најдеме од аспект на светска политика, економија и глобална трговија.”
Изјавувајќи дека АК партијата има една цивилизациска идеологија, Екер истакна: „Не станува збор за идеологија на политичката програма на една партија поврзана само со Турција. Станува збор за глобална идеологија, идеологија на човечност, цивилизациска идеологија. АК партијата е партија која во потполност има идеални гледишта за мирот во целиот свет и за глобалната безбедност. Затоа, сосема е природно, постоење на преставништва на една ваква партија во важните светски центри и нивно користење како места во кои се воспоставува контакт по правни патишта.”
- „Потребно е сите заедно да се бориме против ФЕТО”
Истакнувајќи дека ФЕТО е една мрачна терористичка организација, Екер потсети дека поголем број земји, а не само Турција, се соочиле со работата на оваа организација.
Зборувајќи дека во борбата со ФЕТО треба да бидат вклучени сите сегменти, и државнтите и цивилните институции и организации, Екер наведе: „Потребно е ние, сите заедно, да се бориме против ФЕТО. Покрај парламентарната и јавна дипломатија што ја водиме, борбата треба да ја водиме на повеќе полиња, вклучувајќи ги тука и трговските и економски организации.”
Екер посочи дека терористите на ФЕТО кои избегале од Турција се сместиле во одредени центри на Европа и САД, и одат таму водат интензивни кампањи против Турција. Тој ја истакна важноста од потребата Турција преку својата економија, трговија, политика и невладини организации да ги презентира тезите на Турција, со цел да го разоткрие вистинското лице на терористичката организација пред странските земји.
„Почнувајќи од 2018 година, како АК партија, преку невладини организации потребно е да ја тргнеме маската од лицето на ФЕТО и на странските земји да им зборуваме за нашиот случај. Имаме подготвено проекти во врска со тоа, а се подготвуваат и програми. Програмите се подготвуваат благодарение на способноста на членовите на партиската парламентарна група во турското собрание, други наши организации, економско-трговски организации и невладини организации. Сите тие ќе влезат во функција, бидејќи ФЕТО на 15 јули не сакаше да ја урне само АК партијата, туку сакаше во целост да ја уништи Република Турција”, истакна Екер.