Ali Kemal Akan
24 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
АНКАРА (АА) - Во врска со операцијата Маслинова гранка, генерал Акар, началник на Генералштабот на турската армија изјави „Останаа уште две-три села. Се приближивме до преградието на Алепо, по што ќе воспоставиме потполна контрола врз Африн“, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска во Анкара се обрати генерал Хулуси Акар, началник на генералштабот на турската армија и зборуваше за операцијата Маслинова гранка. Во своето обраќање генерал Акар рече: „Останаа уште две-три села. Се приближивме до преградието на Алепо, по што ќе воспоставиме потполна контрола врз Африн“.
Генерал Акар зборувајќи за акциите што се спроведуваат во рамките на операција изјави „Велиме дека оваа работа ќе продолжи додека не биде неутрализиран и последниот терорист. Ако умреме, тогаш сме загинат херој, ако прежувееме, херој-ветеран, му нема крај на тоа. Така се однесуваат сите. Во тек е борба како една целина. Верувам дека ова на успешен начин ќе го завршиме“.
Околу откриената поземна инфраструктура во Африн, генерал Акар го истакна следното „Не е можно овие засолништа да се изградени од терористите. Без државен ум, без помош од инженерите, и изработка на проект, не е возможно терористите сето тоа да го направиле самите“.