Mümin Altaş
08 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
АНКАРА
Шефот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, порача дека последните договори за соработка и протоколи потпишани со Шпанија, Обединетите Арапски Емирати и Катар ја покажуваат довербата која Турција, под водство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ја има на меѓународен план, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алтун на својот профил на Твитер се осврна на посетата на Ердоган на Катар.
Тој потсети дека турскиот претседател Ердоган присуствувал на седмиот состанок на Врховниот стратешки совет на Турција и Катар на покана на катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани и дека меѓу двете земји биле потпишани голем број договори за билатерална соработка.
„Преземени се важни чекори, вклучително и договори за соработка во областите како што се економијата, безбедноста, дипломатијата, културата, туризмот, образованието, што ќе ја претвори стратешката соработка на нашата земја со Катар во вистинско братство“, порача Алтун, и додаде:
„Договорите за соработка и протоколите потпишани на Турција со Шпанија, ОАЕ и со Катар ја одразуваат довербата што нашата земја ја стекна на меѓународно ниво под водство на нашиот претседател. Ќе се стремиме со нашата економија заснована на инвестиции, вработување, производство и извоз да придонесеме за развојот на нашата земја, без оглед на лагите, клеветите и црната пропаганда кои се водат во земјата и во странство.“