Sarp Özer
22 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
АНКАРА
Техничката делегација од Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) се очекува да пристигне во Турција в четврток, со цел да разговараат за напредокот во напорите за одржување на оперативноста на Меѓународниот аеродром во Авганистан „Кабул Хамид Карзаи“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според изворите од Министерството за одбрана на Турција, се очекува делегацијата да се состане со официјални претставници на Министерството и детално да разговараат за ова прашање.
Ситуацијата во Авганистан е во фокус во последните неколку недели откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека сите американски сили ќе се повлечат од земјата до 11 септември, а сојузниците на НАТО треба да го следат тој пример.
Бајден и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараа за ова прашање на неодамнешниот самит на лидерите на НАТО во Брисел.
Анкара веќе шест години ги води воените и логистичките операции на аеродромот во Кабул, како дел од мисијата „Одлучна поддршка“ предводена од НАТО.
Турција, чии сили во Авганистан отсекогаш биле составени од неборбени трупи, се наведува дека понудила да го чува аеродромот, бидејќи остануваат прашањата за тоа како ќе се осигури безбедноста на големите транспортни рути и на аеродромот, кој е главната порта кон главниот град Кабул.