Sibel Uğurlu
20 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
АНКАРА (AA) - Во воената касарна Сакарја во Анкара дојде до експлозија на муниција, а според првичните информации ранети се пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во несреќата која се случила во текот на вежбата се ранети пет војници.
Ранетите војници се префрлени во болница, а во соопштението се наведува дека до несреќата дошло во текот на вежба на гаѓање.
Покрената е истрага во врска со случајот.