Meltem Bulur
16 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана денес во Анкара со американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако фоторепортерите забележаа фотографии на ракување на Чавушоглу и Тилерсон пред резиденцијата Анкара Палас, состанокот беше продолжен зад затворени врати.
По билатералниот, планирано е да биде одржан и меѓуделегациски состанок, а потоа заедничка прес-конференција.
Тилерсон вчера допатува во Анкара, а синоќа се состана и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.