Halil Demir
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во организирана операција против терористичката организација ДАЕШ биле приведени 23 осомничени странци, заедно со Сиријецот Азов К., за кој се тврди дека им обезбедил експлозиви и муниција на милитантите подготвени за акција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, екипите поврзани во Одделот за борба против теоризмот и Дирекцијата за разузнавање во Истанбул започнаа операција по информацијата дека ДАЕШ во градот подготвува терористичка акција.
Исто така, во рамките на операцијата било потвдено дека Сиријецот Азов К. за кој се тврди дека им обезбедил експлозивни материјали и муниција на припадниците на организацијата, се криел во еден локал во населбата Ќучукчекмеџе.
Во извршената операција, полицијата го приведе и Азов К., заедно со 23 други осомничени странци.
Во информацијата се потенцира дека 9-мина од осомничените биле на ниво на одговорни во организацијата, а другите 15 се дојдени во Турција за да можат да заминат во борбените подрачја. Утврдено е дека местото што изгледало како локал било користено како собирна точка на членовите на организацијата и поради ова, внатре имало поставено кревети.
При пребарувањето на локацијата се најдени голем број документи на организацијата и дигитални материјали.
Полицијата продолжува со операциите за осомничените.