Barış Gündoğan
16 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Во градот Чукурџа, во провинцијата Хаккари, во рамките на операција „Водник Мекан Шахин“ беа онеспособени тројца терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од генералштабот на турската војска, се дознава дека продолжува заедничката операција на 1-вата бригада на командоси, 2-рата погранична бригада и специјалната единица на жандармеријата, под раководство и администрација на командата на 3-тата пешадиска дивизија.
Во операцијата во која учество земале и единиците на противвоздушната заштита и артилериските единици, во утринските часови, во подрачјето на Чилекли Тепе, со истрели од оклопно борбено возило бил неутрализиран еден терорист, додека со тенковски оган во подрачјето на Чаглајан Дере, биле неутрализирани двајца терористи.
Во рамките на операцијата, досега се неутрализирани 204 терористи.