Emin Avundukluoğlu
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска денес го соопшти вкупниот број на загинати од две анти-терористички операции во југоисточниот дел од државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Турскиот Генералштаб, од почетокот на операциите во Нусајбин, град во близина на сириската граница во покраината Мардин, убиени се 495 терористи на ПКК. Во Ширнак војската соопшти дека се убиени 505 терористи, од почетокот на тамошните операции.
Двете операции беа лансирани на 14-ти март и завршија на 3-ти јуни, кога Anadolu Agency објави приближен број загинати, врз основа на информациите од безбедносни извори.
Во извештајот, војската соопшти дека безбедносните сили заплениле над 2.800 импровизирани експлозивни направи и уништиле пнад 750 засолништа.
Војската, исто така, соопшти дека терорист на ПКК беше пронајден мртов вчера, за време на операција во руралната област на покраината Ширнак а четири беа убиени во Шемдинли, област на покраината Хакари која се наоѓа на границата со Иран и Ирак.
ПКК, која е на листата терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против турската држава во jули, кога над 500 припадници на безбедносните сили загинаа а околу 4.900 терористи на ПКК беа убиени.