Aziz Aslan,Muhyeddin Beyca
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
БАТМАН (АА) - Под мотото „Марш на националното единство, осуда на теророт и почит кон загинатите“, организиран е марш во знак на осуда на нападот што терористите на ПКК го изведоа во руралните предели на местото Герџуш, во областа Батман, јавува Anadolu Agency (AA).
Под водство на Платформата за мисла и верба, голем број невладини организации учествуваа во Маршот на националното единство, осуда на теророт и почит кон загинатите, осудувајќи го нападот што во руралните предели на местото Герџуш, во областа Батман, го изведоа терористите на ПКК.
Граѓаните кои се собраа пред Трговскиот центар „Батман парк“, со турски знамиња во рацете, се упатија кон паркот „Ататурк“ извикувајќи слогани „Осуда на организаторите за проектот“, „Нема да ја поделите нашата татковина и нашето братство“, „Турците и Курдите се браќа, ПКК е предавник“, „Нека е проклета ПКК“.
Граѓаните, за време на маршот развиорија турско знаме со должина од 100 метри.
По маршот, на учесниците им се обрати портпаролот на Платформата за мисла и верба, Мехмет Ергин, истакнувајќи дека терористичката организација ПКК, која е нечија алатка, не е за мир, и обидувајќи се да го поткопа процесот на изнаоѓање решение, продолжува да ги дестабилизира регионот и Турција.
Терористичката организација ПКК, која со својата рововска политика го загуби кредибилитетот, продолжува со нападите врз безбедносните сили во Турција. Портпаролот на Платформата за мисла и верба, потсетувајќи дека во нападот животот го загубија осум војници, рече дека ќе му бидат скршени крвавите раце на теророт, кој не им придава никакво значење на човекот, татковината, правото, верата. Тој истакна дека оние кои се обидуваат да сеат страв, во најкус период ќе бидат казнети.
Маршот заврши со молитва за загинатите и интонирање на турската химна.
Во маршот учествуваа претставници на политичките партии, академски професори, претставници на безбедносните сили, претставници на невладини организации и голем број граѓани.
Протестен марш беше организиран и во местото Сасон во областа Батман, во која учество зедоа голем број невладини организации и граѓани, осудувајќи го нападот што го изведе терористичката организација ПКК.
Во четвртокот, терористите на ПКК активираа експлозивна направа поставена покрај патот во момент кога покрај неа минувало оклопно возило од типот „Кобра“, во кое се наоѓале војници што требало да учествуваат во операциите во руралните области на селото Јемишли во Герџуш и селото Умутлу во местото Даргечит во областа Мардин. Во експлозијата животот го загубија осум војници, а еден беше ранет.