Bilal Kahyaoğlu
06 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
КАСТАМОНУ (AA) – Во Кастамону, во Турција, се одржува 8. Саем на дрворезбарство, а најголемо внимание привлекува дрвен мотоцикл кој го направил инженерот по машинство, Џелал Озџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Озџан за три години успеал да направи мотоцикл сличен на брендот на кој останал воодушевен пред пет години.
За АА изјави дека сака да се занимава со дрворезбарство, а мотоциклот го направил од хоби.
Додаде дека повремено доаѓаат луѓе кои би сакале да го купат ова уметничко дело, но дека не е спремен за продажба на нешто во кое вложил толку труд.
„Во популарните туристички дестинации гледав мали модели на мотоцикли кои беа на продажба и ми се допаѓаа. Размислував да направм нешто во реална големина. Не ни замислував дека ќе биде нешто вакво“, рече Озџан.
Истакна дека во текот на изработката на моторот не е користена боја.
„Боите кои се гледаат се бои на дрво. Користевме дрво кое е добро исушено. Одредени делови се стари и четири години, а немаат никакви деформации. Влагата не наштетила. Не користевме хемиски препарати. Ова е нешто поинакво“, појасни Озџан, и додаде дека не очекувал дека мотоциклот ќе привлече толку внимание.
Сукран Парлакчи смета дека мотоциклот е исклучително добро направен.
„Изгледа многу реално. Би било добро и да работи“, додава Парлакчи.
Емирхан Дикилоглу сака мотоцикли, а особено го воодушеви овој во дрвена варијанта.
Саемот е отворен на 3 октомври, а завршува в недела, на 7 октомври.