Aslı Aral
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Заменикот на британскиот министер за надворешни работи за ЕУ, Дејвид Лидингтон изјави дека бегалската криза која ја погоди Европа го забрза процесот на преговорите помеѓу Турција и ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
"Турција е важен партнер. Во контекст на решавање на бегалската криза се наоѓаме во длабок дијалог со таа земја" , рече Лидингтон.
Одговорајаќи на прашања на претставникот на Комисијата за Европската унија при британскиот парламент, Лидингтон нагласи дека е потребен поголем напредок во односите помеѓу ЕУ и Турција.
"Одамна сме зборувале дека е потребен напредок на патот на пристапување на Турција во ЕУ. Мислам дека за тоа постојат добри основи", рече Лидингтон.
Истакна дека е Турција многу важен сосед на Европската унија.
"Турција е важен сосед кој има база на НАТО. Освен тоа, Турција е дел од коалицијата која е во борба против ДАЕШ. Во таа земја се наоѓаат околу 2.5 милиони сиријски бегалци. Турција е важен партнер" , рече британскиот функционер.