Orhan Onur Gemici
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ИЗМИР (АА) - ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ -
Моментот кога пред пет дена силниот земјотрес го погоди западниот турски град Измир, е забележан со безбедносните камери во различни делови на градот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер, со епицентар во Егејското Море, го погоди во петокот Измир и околината, а според последните информации животот го загубија 144 лица, а повредени се стотици.
Камерите на безбедносниот систем на Град Измир го забележаа моментот на земјотресот на различни локации низ градот, на кои можат да се видат стравот и паниката низ која минаа жителите.
Може да се види како граѓаните трчаат напуштајќи ги објектите во кои ги затекна земјотресот. Со оглед на тоа што земјотресот беше многу јак, може да се видат и возачите кои запираат и ги напуштаат своите автомобили.