Enes Duran
08 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е забележан на подрачјето на турскиот крајбрежен град Бодрум, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската Национална агенција за управување со вонредни случаи (AFAD) соопшти дека земјотресот ја погодил оваа област во 10:42 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу девет километри. Земјотресите со оваа јачина ретко нанесуваат значителна штета.