Enes Kaplan,Sefa Şahin
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Заменик премиерот и портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг, по седницата на Владата изјави дека одлуката за рефрендумот на Курдската управа во северен Ирак е нелигитимна и неприфатлива, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тој референдум е нелегитимен и неприфатлив. Ставот на Турција во врска со тоа прашање од самиот почеток е јасен. Тој референдум е директна закана по националната безбедност на државата Република Турција. Исто така, директна закана претставува на целовитоста и националното единство на Ирак. Покрај тоа, референдумот донесува нови закани по мирот, стабилноста и стабилноста на регионот кој се соочува со голем број на проблеми“, изјави Боздаг во обраќањето на новинарите во Анкара.
Заменик турскиот премиер изјави дека и на седницата на Советот за национална безбедност на Турција се разгледани сите мерки кои ќе бидат преземени во случај одржување на референдумот во северен Ирак, по кое препораките за преземање на понатамошни чекори се упатени на Владата на Турција.
„Сите опции се на маса. Разгледани се сите мерки и календарот на нивната примена во случај тој референдум да биде одржан“, изјави Боздаг.
Боздаг истакна дека оние кои мислат дека референдумот ќе реши некои од проблемите треба да бидат свесни дека неговото одржување со него носи голем број на безбедносни ризици, за утре да можат да бидат соочени со многу поголеми проблеми кои нема да можат да се решат.
„Поради ризикот за територијалниот интегритет на Ирак, таа земја е против одржувањето на референдумот. Иран е против, Турција е против, сите земји, освен Израел, се против. Советот за безбедност на ОН е против, меѓународната заедница е против, светот е против“, додаде Боздаг.
Тој потсети дека во регионот на северен Ирак живеат и Арапи и Туркмени кои се против одржувањето на тој референдум, како дел од курдското население.
Боздаг упати последен повик до Курдската регионална управа во Ирак да се откаже од референдумот бидејќи не се работи за прашање кое треба да се решава преку емоции туку само со здрав разум.
Република Турција, како што изјави Боздаг, е и против одложувањето на референдумот односно поместување на датумот на негово одржување.
„Референдумот треба да биде откажан на начин неговотоодржување да не се планира ниту во иднина“, додаде тој.
Курдската регионална управа во северен Ирак еднострано најави одржување на референдумот за независноста на тој регион за 25 септември. Парламентот, Владата и Уставниот суд на Ирак забранија одржување на тој референдум, а против е и меѓуанродната заедница.
Владата на Република Турција му ја достави вчера на раководството на Големото народно собрание на Република Турција одлуката за продолжување на овластувањето на Владата и во наредните 12 месеци да може да извршува воени операции во соседен Ирак и Сирија.
Во владината одлука се наведува дека Турција придава голема важност за зачувување на целоста и стабилноста на Ирак и Сирија, и се навеудва дека присуството на терористите на ПКК и ДЕАШ како и етничкиот сепаратизам во таа земја претставуват директна закана за регионалниот мир и безбедноста на Турција. За денес е најавена вонредна седница на парламентот на Турција.