Enes Kaplan
23 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
АНКАРА (AA) – На состанокот на Советот за национална безбедност на Турција којшто се одржа во Претседателската палата во Анкара кој траеше подолго од три часа, разговарано е за сите димензии за внатрешната и надворешната безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во случај и покрај нашите предупредувања, да се спроведе овој референдум (на Регионалната курдска управа на северот на Ирак), Турција ги задржува сите права кои произлегуваат од билатералните и меѓународните договори", се наведува во соопштението на Советот за национална безбедност на Турција.
„Уште еднаш се разгледани сите мерки против сите терористички организации кои се закануваат за националната безбедност, првенствено против ФЕТО/ПДЈ, ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ и донесена е одлука дека борбата ќе биде одлучно продолжена", стои во соопштението по состанокот.
Исто така, се наведува дека уште еднаш е нагласено дека референдумот за независност кој Регионалната курдска управа на северот на Ирак планира да го одржи на 25. септември е нелегитимен и неприфатлив.
„Цврсто е нагласено дека овој чекор кој директно и се заканува на националната безбедност на Турција е страшна грешка која претставува закана за политичкото единство и територијална целовитост на Ирак и стабилноста, мирот и безбедноста на регионот. Администрацијата на Регионалната курдска управа на северот на Ирак е повикана да се откаже од одлуката за референдум додека не е доцна", стои во соопштението.
Се додава дека Турција е подготвена да го направи она што што може, за да прашањата помеѓу Регионалната курдска управа и централната Влада во Багдад би биле решени со преговори и на уставна основа.
„Доколку биде инсистирано на оваа грешка (референдум на Регионалната курдска управа на северот на Ирак), која, освен Турција, не ја прифаќаат ниту Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), меѓународната заедница како ниту централната влада во Багдад невозможно ќе биде да се избегнат страшните последици кои ќе нанесат штета на северот на Ирак и целиот наш регион", се наведува во соопштението.