Mesut Karaduman
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ТЕКИРДАГ
Два брода се судрија во водите на Мраморното Море, известува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, во водите на Мраморното море во подрачјето на местото Шаркој во турската област Текирдаг од засега неутврдена причина се судриле бродот „Бенитамоу“ долг 299 метри под знамето на Панама и бродот „Ванеса“ со должина од 172 метри под знамето на Барбадос.

По несреќата, капетаните на бродовите ја пријавиле ситуацијата до тимовите на Генералната дирекција за безбедност на турското крајбрежје.
Реморкерите на Генералната дирекција за безбедност на крајбрежјето се испратени во регионот со цел да се осигури безбедноста на регионот.
Во тек е истрага за бродската несреќа.