Süleyman Elçin
04 Август 2023•Ажурирај: 06 Август 2023
АНТАЛИЈА (АА) - Околу 3.600 гнезда на желки од видот карета (Caretta caretta) се пронајдени во турската медитеранска крајбрежна област Анталија, јавува Анадолу.
Околу 2.000 гнезда се пронајдени во подрачјето на Белек и 1.600 во Кизилиот во Анталија, една од најголемите европски области за гнездење на желките од овој вид.

Од јајцата што желките ги закопале под песокот во мај почнаа да излегуваат младенчиња.
Младенчињата од овој вид желки, кои се меѓу животните во опасност од исчезнување во светот, по излегувањето од јајцата и макотрпното патешествие успеаја да стигнат до сините води.

Додека да стигнат до сините морски води младенчињата се во опасност од предатори, како лисици, кучиња, галеби и ракови, како и од сметот и пластиката што ги оставаат луѓето на плажата.